(ВИДЕО) Ковачевски не кажа ни збор за францускиот предлог, но вели инкорпорирани се нашите забелешки

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека во добиениот француски предлог за тргање на бугарското вето за ЕУ се инкорпорирани нашите забелешки и оти претставува солидна основа за градење став. Изјавата тој ја даде по средбата со коалициските партнери на која министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот Бојан Маричиќ го образложиле предлогот во детали, имајќи ги предвид и нашите стратешки определби.

Ковачевски рече дека ова е прва од низата средби што ќе се одржат во врска со предлогот: со претседателот на државата, со опозицијата, граѓанското општество, медиумите…
Тој објави дека нема да го стави предогот на референдум и оти ќе оди во Собрание и затоа побара поддршка од опозицијата.
Вицепремиерот Маричиќ пак призна дека Бугарија и натаму ќе може да не блокира под делот на добрососедски односи.

видео: Влада