Ампутирана ногата на возачот од српскиот автобус, едно дете во критичка сосотјба

0
223

Автобус од Србија со 38 деца и 11 возрасни се превртел околу 20 часот и 30 минути на автопатот во Бугарија на километар 216 од автопатот во правец кон Софија, во близина на Стара Загора, јавува бугарската новинска агенција.

Дванаесет деца и двајца возрасни остануваат хоспитализирани со тешки повреди по страшната несреќа во Бугарија во која автобус со 38 деца и 11 возрасни излетал од патот, откри бугарскиот министер Асен Меџидиев на утринската конференција по посетата на жртвите.

Причина за несреќата се смета дека е грешка на возачот, додаваат од Министерството.

На возачот на автобусот од Србија, кој во неделата вечерта се преврте на автопатот во Бугарија, при што беа повредени неколку лица и деца, одредена му е мерка притвор од 24 часа и најверојатно ќе му биде поднесена кривична пријава, пишува БТА.

– Едно дете е во покритична состојба, во моментов се спроведуваат мерки за реанимација, но хемодинамски показателите се стабилни. Во текот на ноќта ќе ја следат состојбата и ќе извршат трансфузија на крв. Имаме тимови со консултанти во Софија, ако треба утре ќе го транспортираме – изјави синоќа министерот.

Детето има 11 години и се здобило со 3 скршеници на карлицата и колкот.

-Детето е свесно, сега разговарав со него. Не можам да кажам дека постои стопроцентна опасност по неговиот живот, но неговата состојба е критична – додаде Меџидијев.

– Останатите деца се во релативно добра состојба. Тие се на возраст од 9 до 15 години. Повеќето од нив имаат посттрауматски рани – рече министерот за здравство.

Од хоспитализираните деца, најмалото има шест, а најстарото 17 години. На возачот кој се здоби со тешка повреда на ногата му беше ампутирана ногата. Две тешко повредени деца се пренесени во болница во Софија. За среќа немаше жртви.

 

24sata.hr