Во страшна несреќа загинаа четворица тинејџери во Италија

0
185

Страшна бучава ги разбуди локалните жители на Годега ди Сант’Урбано во близина на Тревизо во неделата навечер. Тие веднаш притрчале на помош откако автомобилот излетал од патот, но за четворицата тинејџери во автомобилот немало спас.

Загинаа тројца 19-годишници и млад човек (18) кои биле во VW Polo. Сите биле врзани со ремени, но младиот возач изгубил контрола над автомобилот на кривина околу 2 часот по полноќ и влетал во ендек, каде уште еднаш се превртел.

 

На местото на несреќата брзо пристигнале Брза помош и пожарникари, но младите починале.

Паола Гуцо, градоначалник на Годега ди Сант Урбана, вели дека навистина и е жал за трагедијата.

-Моите мисли се со семејствата на кои им изразувам сочувство. Ова е трагедија што ќе ја одбележи нашата заедница – рече таа, пренесува TrevisoToday.

 

24sata.hr