(ВИДЕО) Моментот кога силниот ветар однесе покрив на зграда во Словенија

0
369

Силно невреме вчера ја зафати Словенија. Локалните медиуми јавија дека во главниот град Љубљана дувал ветер со над 100 километри на час, а неколку лица се полесно повредени.

Словенечкиот N1 јавува дека пожарникарите излегле на 23 интервенции, а нивниот командант Роберт Окрон изјавил дека сите пожарникари од Љубљана се на терен.

На една од станбените згради во центарот на Крањ, во близина на главната автобуска станица, силен ветер го однел покривот, јавува 24ур. Причинета е штета и на друг објект, каде што е однесен покривот, соопштија од ПУ Крањ.

index.hr