Синот на познатиот актер и ТВ водител Милан Калиниќ е добро воспитано момче и одличен ученик на училиште. Вредностите што Милан и неговата сопруга Сандра му ги пренесоа на наследникот се чувствуваат во секој негов потег, но тинејџерските години го направија своето и земаат данок.
Малиот Вук Калиниќ во последно време со своето однесување и изјави на секој чекор ги изненадува своите горди родители, а актерот неодамна во емисијата „Ако прозговорам“ раскажа еден особено впечатлив разговор со својот наследник.
Имено, Калиниќ кажал, дека синот му признал дека со пријателите гледа филмови за возрасни.
„Пред една година, кога Вук имаше 10 години, се враќавме од тренинг, тој седеше зад мене во автомобилот и ми рече: „Тато, јас и Душан гледавме по**о“. Јас велам, „Во ред, Вујо, и?“, а тој продолжува: „Па, знаеш што прават тие таму“?, а јас велам: „Па, знам, Вујо, одлично“. А тој одговори: „Но, тато, мене тоа навистина ми се допадна“. Велам: „Вујо, тоа е нормално, секој маж сака да гледа по*ниќи. Тоа сака да гледа секој нормален маж, па и жените“, низ смеа изјави водителот, чии грижи со децата очигледно допрва доаѓаат.
фото: Инстаграм