Силен земјотрес со интензитет од 6,1 степен го потресе југот на Чиле

0
231

Земјотрес со интензитет од 6,1 степен го потресе југот на Чиле, известува Агенција Анадолија (АА).

Американскиот геолошки завод (USGS) информираше дека земјотресот, со епицентар 1.120 километри јужно од главниот град Сантјаго, 142 километри западно од Анкуда, бил на длабочина од 10 километри.

Досега не е пријавена материјална штета, но екипите се на терен. Не е дадено предупредување за цунами.

Чиле, една од земјите со најголема сеизмичка активност на светот, се наоѓа во Пацифичкиот појас на земјотреси, познат и како „Огнен прстен“.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).