Знаете ли дека црквите Света Софија во Охрид и Истанбул НЕ се посветени на маченичката Софија и нејзините ќерки ? !

Денес Православните христијани кои се водат според Јулијанскиот календар го слават празникот посветен на маченичките Вера, Надеж, Љубов и нивната мајка Софија.

Но, малкумина знаат дека надалеку познатите цркви кои во народот се познати под името Света Софија, всушност не се посветени на овој празник туку се православни цркви посветени на Светата Божествена Мудрост.

Зошто тогаш луѓето овие цркви ги нарекуваат Света Софија ?

Софија е фонетски правопис на грчкиот збор кој во превод означува мудрост. Така, целосното име на објектот попознат во светот како Аја Софија ( турски превод на зборот Света Софија ) на грчки е: Ναός τῆς Ἁγίας τοῦ Θεοῦ Σοφίας или во превод на Македонски : Црква на светата божја мудрост. Името „Софија“ не е поврзано со маченичката Софија.

Црквата е посветена на Логосот, второто лице на Света Троица и својот празник го има на 25 декември по Грегоријански календар, на годишнината од раѓањето на Исус Христос.  И покрај тоа објектот масовно и во цел свет се нарекува Санкта Софија, како што во времето се нарекувала кога Грчкиот јазик бил официјален во „Византиската империја“, а грчкото име го задржале и во време на Османлиската империја , само пред грчкиот збор Софија е додаден зборот Аја, што на Турски јазик значи Света.

Црквата Света Софија во Охрид исто така не е посветена на маченичките Софија, Вера, Надеж и Љубов туку како и таа во некогашен Цариград, е посветена на Светата Божја мудрост.

Оваа црква во Охрид е изградена во втората четвртина од 11 век, а ја подигнал архиепископот Леон, исто така во време на Византиската империја. Посветена е на Христос како Божествена Премудрост т.е. Св. Софија на грчки е: Ναός τῆς Ἁγίας τοῦ Θεοῦ Σοφίας или во превод на Македонски : Црква на светата божја мудрост.