Вооружен напад во Ерусалим, ранети двајца израелци

Вооружен маж доцна синоќа пукаше на израелски воен контролен пункт во источен Ерусалим, при што тешко рани најмалку двајца Израелци, соопштија израелските власти.

Како што е наведено, се трага по напаѓачот, а ранети се една девојка која служи воен рок, која е во критична состојба и еден чувар. Уште еден Израелец е полесно ранет.

Нападот се случи во време на зголемено насилство меѓу Израелците и Палестинците, само неколку часа по убиството на двајца палестински тинејџери во напад на израелската војска на окупираниот Западен Брег и еден ден пред почетокот на еврејскиот празник Сукот.

Оваа година е најсмртоносната на окупираната територија од 2015 година.
Нападот синоќа се случи на контролен пункт во близина на бегалскиот камп Шуфат, а во потера по напаѓачот се вклучени специјални сили и хеликоптер.

Израел го освои Источен Ерусалим во Шестдневната војна во 1967 година и ја анектира таа област, која не беше призната од меѓународната заедница.

 

fokus.mk