Kолони на бензиските станици во Франција, се полни гориво и во Белгија

0
244

Речиси секоја петта бензинска пумпа во Франција нема доволно гориво поради штрајк на вработените во компанијата „Тоталенерџиз“, пишува „Фигаро“, повикувајќи се на Министерството за енергетска транзиција на земјата.

Проблемите со снабдувањето доведуваат до долги редици на бензинските пумпи, додека некои региони мораа да ограничат колку гориво можат да купат возачите и да забранат продажба и купување на конзервирано гориво.

Според Министерството, околу 20 отсто од бензинските пумпи низ целата земја сега се без барем еден вид гориво за автомобили, а северна Франција е најпогодена од недостигот. Околу 40 отсто од бензинските пумпи во Па-де-Кале и Норд пријавиле проблеми со снабдувањето со гориво.

Околу 15 отсто од бензинските пумпи вчера пријавиле недостиг на гориво низ Франција.

Синдикатите првично најавија тридневен штрајк барајќи зголемување на платите за 10 отсто, како и индексирање на платите за 2022 година за да се совпадне со рекордната инфлација. Синдикатите подоцна најавија продолжување на штрајкот на неопределено време.

makfax.com