(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) 146 мртви и 150 повредени во стампедо во Сеул за прослава на Ноќ на вештерките

0
237

Бројот на загинати во хаосот во главниот кварт на јужнокорејската престолнина Сеул за време на прославата на Ноќта на вештерките се искачи на 146, соопштија пожарникарите. Јужнокорејските власти наведуваат дека околу 150 се повредени во турканиците, а Ројтерс додава дека некои се во критична состојба.

Повеќе од 800 работници за брза помош и полицајци од целата земја, вклучувајќи го целиот расположлив персонал во Сеул, се распоредени на улиците за да ги лекуваат повредените.

Според официјални лица, несреќата се случила кога луѓето биле смртно згмечени во голема толпа, која почнала да се турка во тесна уличка во областа Итаевон, пренесува АП.

Јужнокорејската новинска агенција Јонхап објави, цитирајќи ги противпожарните служби, дека кај повеќето луѓе е забележан срцев застој.