Брнабиќ: По срамната изјава на ЕУ, Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана

0
384

По срамната изјава на ЕУ, само уште една во низа, Србија веќе нема никаква потреба да учествува на самити за Западен Балкан. ЕУ или ќе ги почитува вредностите што ги пропагира или Србија веќе нема да има потреба да учествува во оваа фарса, порача српската премиерката Ана Брнабиќ во соопштението на Владата.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, српската премиерка вечерва реагираше на изјавата на портпаролот на Европската Унија, Петер Стано, за именувањето на Ненад Рашиќ за министер во Владата на Косово.

„Оваа реакција е срам за ЕУ. Чекавме да видиме што ќе рече Унијата за именувањето на Рашиќ и дочекавме уште една срамна изјава. Именувањето на Рашиќ не само што е против Бриселскиот договор, туку е против гласот на народот искажан на изборите, што е најважниот глас“, рече Брнабиќ.

 

МИА