Стоилковски: Нема здравство, нема лекови, нема услови, нема пари за персонал, затоа што власта е концентрирана на криминал и сето ова мора да запре потребни се избори и нова постава која што ќе ги решава проблемите

0
125

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање во однос на проблемот на околу 140 медицински сестри и другиот здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје, коишто повеќе од два и пол месеци немаат земено плата, работат без осигурување и без решенија за вработување истакна дека нема лекови, нема услови, нема пари за персонал, нема здравство, затоа што власта е концентрирана на криминал а сето ова мора да запре и затоа потребни се избори и нова постава која што ќе ги решава проблемите.

„Почитувани очигледно дека власта не дава пари за ништо во врска со здравството, или било што од интерес на граѓаните, за да има пари за криминал! Наместо да размислуваат за овие 140 медицински сестри и друг здравствен персонал во Здравствениот дом во Скопје, наместо да трчаат по лекови за пациенти, тие мислат како да наместат тендер од 22 милиони евра! Во меѓувреме пациент умре излажан дека ќе добие лек „Трикафта“, нема лекови за пациентите со малигни заболувања. Нема континуитет во обезбедувањето инсулин и ленти за дијабетичарите. Немаше од основниот лек „Декортин“ потребен за низа заболувања, лек со незначителна цена и кој е на позитивна листа, па пациентите го купуваа во Србија или Косово. Нема реагенси во Институтот за јавно здравје, па пациенти одат во приватни институции. Нема лекови за невролошки пациенти на Клиниката за неврологија од каде доаѓа и новиот министер. Нема лекови, нема услови, нема пари за персонал, нема здравство, затоа што се концентрирани на криминал! Ова е срамно Македонија ќе остане без јавно здравство, доктори и персоналот ќе се иселуваат, заради тоа ова мора да сопре. Да сакаа до сега и да знаеја ќе го решеа проблемот но затоа мора избори и нова постава која што ќе го надмине проблемот“, нагласи Стоилковски.

Извор: ВМРО ДПМНЕ