Партијата на Меџити доби име – „Демократско движење“

0
232

Пратеникот и поранешен висок функционер на ДУИ Изет Меџити, го одбра името на новата политичка партија. Ќе се вика Демократско движење, а следната недела таа и официјално ќе биде промовирана. Името е објавено попладнево, по завршување на рокот што беше даден до граѓаните преку онлајн платформа.

Официјалната промоција на партијата е најавена на 13 август, на денот на кој беше потпишан охридскиот Рамковен договор во 2001 година. Со новата партија, Меџито планира да учествува и на наредните парламентарни избори.

Меџити беше дел од т.н. „огнена група“ во ДУИ која јавно изрази револт од актуелните функционери на партијата, пред сè од првиот вицепремиер Артан Груби.

Тој, заедно со Мерита Коџаџику, се издвоија од пратеничката група на ДУИ и делуваат како независни во македонското Собрание. Кон нив се приклучи и Кастриот Реџепи кој делуваше како независен по раздијдувањето со Беса.
Меџити планира со Демократско движење да учествуваат на наредните избори.

извор: vecer.press