More

    Богослужби по повод празникот Мала Богородица во манастирот Пречиста во Кичево

    Возлубени читатели, и поклоници на нашата света обител, по повод големиот празник на Богомајката-Нејзиното Рождество, нашата света обител серадосно се подготвува преку торжествено богослужение да ја пресретне Мајката на животот, чија што помош и молитви како свештен омофор низ вековите го закрилува нашето древно светилиште. И ете, повторно срцата наши ги преклонуваме кон Неа, просејќи го најважното за нас нејзините недостојни слугинки, да не удостои остатокот од нашиот живот да го поминеме неуморно трудејќи се во послушанието кон својот Старец како и напредување во добродетелите во нејзината Пречистанска градина.
    Со голема чест ве покануваме молитвено да присуствувате на свечената Вечерна
    богослужба, на која ќе претстои нашиот монахољубив пастир Неговото
    Високопреосвештенство г. Тимотеј во сослужение со нашиот Старец -Неговото
    Преосвештенство, Епископот Антаниски г. Партениј и многуброен клир на јеромонаси и
    свештенослужители на Дебарско-Кичевската Обител и околните епархии.

    На наша голема радост како и за радост на целата небесна црква, во навечерието на 20 септември (среда), на празничната вечерна Богослужба која ќе започне во 18:30 часот нашиот надлежен Архипастир неговото Високопреосвештенство митрополитот г.Тимотеј ќе ги положи своите раце и ќе благослови со монашки потстриг една искушеничка од нашето сестринство присоединувајќи ја кон рамноангелен живот.

    Следниот ден, богослужението ќе започне во 07:30 часот со Утрена богослужба, а ќе
    продолжи со свечена Архиерејска Богослужба со почеток во 09:00 часот.
    „Овој ден е Господов“, вели црковниот поет, и затоа „луѓе, радувајте се, зашто палатата на Светлината и книгата на словото на животот од утробата произлезе“. Раѓањето на Пресвета Богородица од престарените Јоаким и Ана, е објавување на радоста на целиот свет бидејќи неплодноста на нашата природа се разрешува , зашто неплодноста станува мајка на Онаа која и по раѓањето на Животодавецот останува Девојка.

     

     

    porta.mk

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    few clouds
    27.8 ° C
    27.8 °
    27.8 °
    28 %
    2.1kmh
    20 %
    Thu
    28 °
    Fri
    28 °
    Sat
    29 °
    Sun
    28 °
    Mon
    27 °
    spot_imgspot_img