Во Аеродром пронајдена почината жена

0
66

53-годишна жена пронајдена почината во својот дом во Аеродром.

На 01.02.2024 во 17.40 часот во Полициската станица Аеродром било пријавено дека во сопствениот дом на подрачјето на општина Аеродром била пронајдена почината С.К.(53) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото било предадено на обдукција, соопшти полицијата во дневниот билтен.