Македонското друштво „Илинден“-Тирана достави барање за поставување спомен плоча во село Ербеле зa Горан Стефановски

0
78

Македонското друштво “Илинден“-Тирана бара од општина Дебар и Советот на град Дебар во село Ербеле, Административна единица Маќеларе, општина Дебар, да биде поставена спомен плоча за истакнатиот македонски драмски автор Горан Стефановски, по потекло од цело Ербеле, во чест на Македонско националното малцинство кои живеат во селото, во Административна единица Маќеларе.

Стефановски потекнува од селото Ербеле – неговиот дедо Стрезо и неговара баба Алтана живееле во ова село до преселбара во Скопје кофа имаат изградено една од првите куќи во Дебар Маало. Големо влијание врз творештвото на Стефановски имаше тикму потеклото од овој крај и семејната историја. Тој постојано се интересирал и барал историјата на корените на своето семејство и со семејството го посетувал селото Ербеле. Минатата година, за ова беше посветен и фељтон.

Комеморативната плоча за Стефановски во селото Ербеле, на три јазици, ќе биде контакт точка за мултикултурните врски меѓу Албанија и Македонија и поттикнување на понатамошни проекти за соработка во културната сфера и ќе помогне да се афирмира село Ербеле како пример за соживот и мултикултурализам.

Содржината на плочата ќе биде на албански, македонски и англиски јазик ќе биде следнава:

„Сите живи суштества се раѓаат со инстинкт за преживување. Пајаците, за да преживеат, ткаат мрежи. Луѓето, за да преживеат, ткаат приказни. За нас нема ништо поважно од овие приказни. Тие се сржта на нашиот живот, ’рбетот на нашиот идентитет.“

Горан Стефановски

Од селото Ербеле се семејните корени на истакнатиот македонски драмски автор, академик Горан Стефановски (1952-2018).