(ВИДЕО) Хаос во Киев: Колони од автомобили – жителите бегаат од Киев!

Претседателот на Русија, Владимир Путин синоќа во специјално обраќање до граѓаните на Русија објави дека донел одлука за започнување на специјална воена операција, при тоа додавајќи дека во плановите на Русија не е окупација на Украина. Но, западните медиуми тврдат дека Русија ја започнала офанзивата со четири или повеќе точки, а нападот врз Украина започнал од правец на Белорусија.

Во Киев се слушнаа сирени и експлозии, а цивилите се принудени брановидно да се движат кон запад.
Според RT, колоните пред банкоматите се безконечни како колоните од автомобили кои се обидуваат да заминат од главниот град на Украина.

Излез од градот е можно само по копнен пат, бидејќи воздушниот простор е затворен за цивилни летови од рано изутрина.

Исто така, Министерството за инфраструктура соопшти дека сите патници се евакуирани од Бориспол, најголемиот меѓународен аеродром во Украина. Инаку, тој аеродром рано утринава беше цел на рускиот напад.

Последните информации се дека дошло до голема експлозија во централна Украина откако руските сили го бомбардирале центарот за складирање на украинската војска.