Eвакуиран „Ест Гејт“ поради опожарено возило, пожарот е изгаснат, трговскиот вратен во функција

0
124

Од „Ист гејт“ на социјалната мрежа Фејсбук објавија известување со кое потврдуваат дека бил активиран алармниот систем и посочуваат дека трговскиот центар е безбеден
Трговскиот центар „Ист гејт мол“ во Скопје, попладнево бил целосно евакуиран поради опожарено возило во паркингот поради што се активирале противпожарните аларми, информираат од МВР.

„Денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ ‘Ист гејт мол’ се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило ‘рено Лагуна’ во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“,

велат од МВР.
Оттаму додаваат дека трговскиот центар е вратен во функција.

Од „Ист гејт“ на социјалната мрежа Фејсбук објавија известување со кое потврдуваат дека бил активиран алармниот систем и посочуваат дека трговскиот центар е безбеден.

„Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“,

напишаа од „Ист гејт“.

 

 

360stepen.mk