More

    „Рено” престанува со работа во Москва

    Францускиот производител на автомобили „Рено“ најави дека следната недела ќе ја прекине работата во фабриката за склопување автомобили во Москва поради недостиг на делови.

    Производството во Москва ќе биде суспендирано од 28 февруари до 5 март поради „присилните промени во логистичките патишта“ кои предизвикаа недостаток на делови.

    Набавките се исто така отежнати од „засилените гранични контроли во транзитните земји“, додаваат тие.

    Компанијата не именува ниту една земја, нагласувајќи дека ја разгледува можноста за што поскоро обновување на производството.

    Русија ја суспендираше работата на трговските бродови во Азовското Море по нападот на соседна Украина, а Украина ги затвори пристаништата на Црното Море за трговија.

    Ситуацијата дополнително се комплицира со глобалниот недостиг на полуспроводници, кој особено ги погоди автомобилските компании.

     

    извор/фото: агенции

    spot_img
    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    broken clouds
    17.8 ° C
    17.8 °
    17.8 °
    82 %
    0.5kmh
    75 %
    Tue
    28 °
    Wed
    28 °
    Thu
    27 °
    Fri
    28 °
    Sat
    19 °
    spot_imgspot_img