More

    ВМРО ДПМНЕ: Жално е што СДСМ е против 100 електрични автобуси, преполовена загаденост на Скопје и нови 500 вработувања

    Ние нема да прашуваме во кое својство Зоран Заев се фали со минималната плата, иако веќе не е премиер, затоа што е совршено јасно дека Ковачевски е пиунот преку кој Зоран Заев краде и ја уништува државата, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ.

    Во истото се додава:

    Но затоа ќе одговориме дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски најавува проекти меѓу кој за мега набавка на најмалку 100 електрични автобуси како човек кој ја доби мнозинската поддршка од народот на последните избори и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ која држи до зборот и ветеното.

    Ја разбираме нервозата на СДСМ која целата енергија кога веќе има целосно отсуство на работа во институциите под нивна контрола ја насочуваат кон деструкција и дезинформирање.

    Одговорна партија ќе излезеше и ќе го поздравеше проектот со кој ќе се преполови загаденоста на воздухот. Жално е што СДСМ е против набавка на најмалку 100 електрични автобуси, преполовена загаденост на воздухот во Скопје и фабрика со 500 нови вработувања.

    Тие градеа хациенди дивоградби и местат тендери, ВМРО-ДПМНЕ прави промени и создава иднина.

    Нека продолжат да напаѓаат, ВМРО-ДПМНЕ ќе работи.

    spot_img

    Последни Вести

    spot_imgspot_img

    Слични Вести

    Skopje
    overcast clouds
    2.8 ° C
    2.8 °
    2.8 °
    87 %
    1kmh
    100 %
    Thu
    9 °
    Fri
    13 °
    Sat
    15 °
    Sun
    10 °
    Mon
    6 °
    spot_imgspot_img