Во Скопје се одржува „Статуа фест“, фестивалот на живите статуи

0
302

Во центарот на Скопје, на плоштадот „Јадран сквер“, денеска започна „Статуа фест – Другото лице на улицата“, фестивалот кој ја прикажува уличната уметност преку живите статуи, а ќе трае до сабота (25 јуни), јавува Агенција Анадолија (АА).

Ова е шестото издание на „Статуа фест – Другото лице на улицата“, а тема на овогодинешниот фестивал е „Танго на улица“.

Организаторите истакнаа дека фестивалот како и секоја претходна година концептуално раскажува приказни, а оваа година раскажува за тангото, како што велат тие „со намера да го претвори Скопје во една мала, но, сепак, голема уличка, сместена во некој раздвижен простор во длабочините на аргентинското танго, во обид да ги види и запознае оние скопјани кои со сиот свој дух лудуваат по тангото, придружени со разиграниот уличен миг на евергринот“.

Фестивалот се одржува во организација на „ТЕАТРОСК”, театарска продукција која изведува уличен театар, улични промоции и настани со сличен карактер, воедно со поддршка на Град Скопје.

извор: Агенција Анадолија (АА).

фото: Агенција Анадолија (АА).